Советникот Иван Гоцевски донираше канти за отпадоци со еко пораки во градинката во Делчево

Објава на ОЈУДГ ,,Весели Цветови”:

Голема благодарност од име на дечињата и сите вработени во детската градинка. Советникот во Советот на Општина Делчево Иван Гоцевски денеска по претходна консултација со нас околу нашите потреби донираше канти за отпадоци со ЕКО пораки.

21 Март ден на пролетта и убава донација за зачувување на природата. Општествената и лична одговорност се одлика на големите луѓе. Горди сме што некој мисли и на нашата установа, се вели во објавата на ОЈУДГ ,,Весели Цветови”.

Гоцевски со овие активности го потврдува ветувањето кое го даде на почетокот на советничкиот мандат, а тоа е дека советничкиот паушал ќе биде дониран согласно потребите во заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*