Локализиран пожарот кај ,,Куклите” во село Цера

Локализиран пожарот кој денес попладне ја зафати месноста ,,Куклите” во атарот на каменичкото село Цера. Во пожарот како што информираше командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски зафатена била површина од 10 хектари.

-Опожарени се и овошни насади и дрвени огради кои се наоѓаа во близина. Причинета е значи материјална штета со уништена папрат, букова шума и сува трева, истакна Трајчевски.

Во гаснењето на пожарот како што додаде учествувале 1 возило (пикап) со 2 пожарникари М.Каменица, 3 лица од месното население и 3 лица со теренско возило од Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Во исто време како што додаде командирот на Територијалната противпожатна единица од М.Каменица со 1 пожарникар и возило цистерна угасен е пожар кој се појавил на запален оџак на улицата ,,Методи Митевски – Брицо” во М.Каменица. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*