По случајот со Денис Фејзулов, две лица од Делчево и Штип се сомничат за измама

Познат идентитетот на лицата кои се сомничат за измама на лице со попреченост од Делчево подигнувајки кредит во негово име. Случајот во полиција го пријави Невзат Фејзулов, татко на оштетениот Денис Фејзулов, кој во понеделникот по телефонски повик дозна за сумата од 3000 евра која како кредит бика подигната на име на неговиот син.

Во врска со случајот кој беше пријавен во понеделник, денес од полицијата информираа дека по преземените мерки констатирано е дека измамата ја извршиле лицата М.У. од Делчево и М.А од Штип.

-Како што е пријавено, во текот на месец јануари 2022 година тие го убедиле, доведувајки го во заблуда, да земе кредит од неколку финансиски друштва, по што му ги зеле парите и заминале, велат од полицијата повикувајки се на соопштението од СВР од каде е преземен случајот.

Во тек се преземање понатамошни мерки, по што е најавена соодветна кривична пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*