Дуел за историја вечерва на ,,Ренцо Барбера” во Палермо

  национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен.

Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка.   Натпреварот ќе се игра во Палермо вечер со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади Македонци.

Победникот од овој меч во финалето ќе оди на гости кај поуспешниот од пресметката Португалија – Турција. Покрај овие две средби вечер уште играат Шведска – Шкотска и Велс – Австрија. Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено ја доби победата против Русија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*