Во Берово одбележана годишнината од смртта на командант Љупчо Мирчовски

Во Берово одбележана годишнината од смртта на бранителот Љупчо Мирчовски кој на денешен ден загина во конфликтот во 2001 година. Во рамки на одбележувањето пред споменикот на Мирчовски и четворицата бранители во центарот на градот свежо цвеќе положија делегација од Општината со градоначалникот Звонко Пекевски и други институции и граѓани.

-Денеска, пригодно го одбележавме навршувањето на 21 година од смртта на капетан прва класа Љупчо Мирчовски, командант на Батаљонот на воена полиција, кој што на дененешен ден, извршувајќи ја својата должност, за одбрана на територијалниот интегритет, загина, нагазувајќи на мина, истакнаа од Општината.

Претходно, делегацијата го посети и вечното почивалиште на Мирчовски, во с. Русиново, каде што исто така  положи цвеќе.

Љупчо Мирчовски е роден на 19 октомври 1964 година во с. Русиново, Беровско. Завршил Воена академија во Белград, 1987 година. Прво служел во ЈНА во Загреб, потоа Приштина, а од 1 април 1992 година во Армијата на Р. Македонија во Скопје. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ. Мирчовски беше командант на Воената полиција, на 28 март 2001 година бил извикан од состанок во Генералштабот, а бил и со тогашниот Претседател на Р. Македонија Борис Трајковски пред Генералштабот пред да тргне, каде било одлучено токму тој да појде веднаш на Скопска Црна Гора – кај месноста Рамно.

Командантот на Воената полиција Љупчо со група војници каде се упатил со војнички „пух“ и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од терористите на УЧК. На лице место загина капетанот Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.

За својот херојски чин Мирчовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*