Се гради улица ,,Плачковица” во Берово

Се решава голем проблем на жителите од ул.,,Плачковица” во Берово, при што започна изградбата на пристапната улица.

Калта од малата уличка во централното градско подрчје, ќе биде заменета со бехатон плочки.

Реконструкцијата на оваа улица, која долги години наназад, не е реконструирана, а се наоѓа во центарот на Берово, има големо значење за беровчани, затоа што ќе добијат подобра пристапност, а посебно за жителите кои живеат таму, со што ќе им се олесни пристапот до семејните куќи и ќе добијат соодветна патна инфраструктура.

Од Буџетот на општина Берово за 2022 година, за оваа улица, се издвоени средства во износ од 822.940,00 денари .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*