Бесплатни превентивни прегледи во Делчево

Педесетина граѓани на Делчево денеска по повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, ја искористија можноста за бесплатни превентивни прегледи на пунктот, каде лекар од Итната медицинска помош мереше притисок и шеќер во крвта.

Активноста е во организација на Комисијата за еднакви можности од Општина Делчево во соработка со ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ и Советот на млади.  

Претседателката на Комисијата за еднакви можности, Јасмина Ќурчиска, истакна дека целта на оваа активност на КЕМ е да се промовираат превентивните прегледи како приоритетни и потребни во системот на грижата за јавното здравје.  

-Превенцијата значи и рано откривање на голем број заболувања. Сакам да потсетам дека неодамна на иницијатива на КЕМ, за прв пат во јавното здравство во Делчево беше воведена здравствена услуга ехо на дојка за превентивно и навремено откривање на рак на дојка. Превенцијата е најдобриот лек и потреба секој граѓанин да практикува редовни здравствени прегледи за превенција на најразлични заболувања. Изразувам огромна благодарност до Здравствениот дом за поддршката за оваа акција, истакна Ќурчиска.  

Градоначалникот Горан Трајковски по повод 7 Април, испрати честитка до здравствените работници потенцирајќи дека тие се хероите на нашето време.  -Одлучни, храбри и хумани извојувавте победа над уште една пандемија која во историјата на човештвото ќе биде запишана како исцрпувачка и тешка, пандемија која се закани да ни го промени животот од корен. Сите од свој аспект на делување треба да дадеме придонес да ја сочуваме планетата, а со тоа и нашето здравје, истакна во честитката Трајковски.

Денешниов ден, 7 Април е ден кога се одбележува денот на основањето на Светската здравствена организација (СЗО) и традиционално е посветен и на здравствените работници, нивната улога и значење во грижата за нашето здравје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*