Меѓународно тестирање ПИСА за 36 ученици во Делчево

Триесет и шест ученици од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ се опфатени во рамките на најголемото меѓународно истражување ПИСА кое денеска се спроведува во Делчево. Истражувањето кое е во рамките на Програмата за меѓународно оценување на учениците опфаќа ученици на возраст од 15 години, а на државно ниво овој период ќе бидат тестирани вкупно 7800 ученици.  

По повод реализацијата на тестот, директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска истакна дека  меѓународните тестирања на учениците кои ги спроведуваат меѓународни институции се за проверка на квалитетот на знаење на учениците.

-Во рамките на тестирањето се оценува подготвеноста на учениците за животот (како возрасни), се мери научната и математичката писменост, писменоста за читање, како и креативно размислување на учениците. Регуларното тестирање Писа се спроведува од вчера низ сите средни училишта кои следат настава на македонски и албански јазик. Резултатите од ова тестирање се важен индикатор за квалитетот на образование во државава и каде сме ние во споредба со другите 85 држави на светско ниво, рече Наумовска.

Напомена дека за прв пат оваа година нашата држава се приклучув кон светскиот тренд на електронско тестирање на учениците, за што се обезбедени компјутери од страна на Државниот испитен центар кој резултатите и опсежниот извештај од оваа студија ќе ги објави во декември 2023 година.

Новоназначената директорка на гимназијата Дијана Цонева, која доаѓа на местото на пензионираниот директор Љупчо Прачковски, упати благодарност што токму делчевската гимназија е избрана да биде мониторирана од страна на Државниот центар

-Од нашето училиште се вклучени 35 ученика, кои ги мониториравме со директорката. Тие сериозно ја сфатија обврската, на што претходно заеднички работевме, бидејки на тој начин преку ова тестирање ние ја даваме сликата за образованието со кое се стекнуваат во гимназијата, рече Цонева.

Пред почетокот на тестирањето, директорката Наумовска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на која се разговараше за значењето на успехот на учениците на меѓународниот тест ПИСА, како и за предизвиците во образованието. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*