Кошаркарките на ,,Патриот” и ,,Баскет Кам” ги одмерија силите во М-12 конкуренција

Во интересен кошаркарски натпревар во М-12 конкуренција, девојките на кошаркарскиот клуб ,,Патриот” во Делчево загубија од врсничките на КК ,,Баскет Кам” од М.Каменица со 32:41.

-Девојките дадоа се од себе, успеаа од 16:0 да дојдат до 31:28, 33:30, но петтата лична грешка на нашиот главен играч Ана Стоименовска и неможмоста да и помогне на екипата го реши натпреварот, истакна тренерот Љупчо Петровски.

Најмногу поени во КК ,,Патриот”, вкупно 18 постигна Ана Стоименовска, Сара Атанасовска имше 7 кошеви, Ена Петровска 4 поени, Јана Илиевска 2 и Тијана Николовска 1 поен.

Сепак како што додаваат од таборот на КК ,,Патриот” сите девојки дадоа се од себе, порачувајки дека клубот и понатаму ќе продуцира одлични кошаркарки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*