Делчево подготвено за 6-тата изложба на олдтајмери која ќе се одржи на 17 април 2022

Делечво и Здружението „King’s of the road’s“ се подготвени за 6-тата изложба на олдтајмери која наредната недела на 17 април 2022 ќе се одржи на паркингот пред Спомен дом АСНОМ во Делчево. Како што истакна престедателот на здружението Лоренцо Трајановски, за што поуспешна организација, со членството се дефинирани активностите за традиционалниот настан на кој се очекува присуство на „олдтајмери“ од повеќе балкански земји. 

-За годинава имаме најавено колеги и пријатели од Бугарија, Грција и Србија и очекуваме околу 100 возила да дојдат, рече Трајановски.  

Во рамки на настанот како и претходните години предвидено е доделување на награди за учесниците во повеќе категории.  

-Имаме пехари, помали награди слични на пехари кои деновиве треба да ги добиеме, исто како и плакатите и пропагандниот материјал. Годинава по 3 пат сме запишани во календарот на балкански настани од ваков тип. Новитет годинава е што освен дефилето со возила и доделувањето награди, настанот за прв пат ќе биде збогатен и со настап на рок група, додаде Трајановски.   

Еден од најмладите учесници кој наголемо се подготвува да учествува на настанот е младиот Никола Тодоровски од Делчево.  

-Јас годинава подготвувам застава 101 лукс, произведена 1977 година. Колата сега скоро ја искрфивме, исфарбавме и почнуваме да ја составуваме. На сите кои имаат желба им порачувам дека ова е многу убаво хоби и кој има можност нека почне да реставрира, истакна Тодоровски.  

На крај организаторите на настанот упатија отворена покана до сопствениците на олдтајмери доколку имаат слободно време да дојдат на 17 април во Делчево и да го претстават својот стар автомобил на 6-тата изложба на олдтајмери. Воедно апелираа до сопствениците на останати автомобили, во недела да не ги паркираат на паркингот кај АСНОМ, се со цел да се обезбеди доволен простор за самите учесници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*