По повод верските празници хуманитарна акција во Делчево

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, но и по повод светиот месец Рамазан, Општина Делчево и компанијата „Зегин“ донираа 30 хуманитарни прехранбени пакети наменети на семејства кои живеат во социјален ризик.

Петнаесет хуманитарни пакети, денеска се дитрибуирани во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, а исто толку прехранбени пакети се дистрибуираа и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност до компанијата „Зегин“ за нивната перманентна поддршка на хуманитарните акции, како  општествено одговорна фирма.

-Со цел да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават големите верски празници и да се покаже дека никој не е заборавен, заедно со компанијата „Зегин“ дониравме прехранбени пакети наменети за 15 христијански и 15 муслимански семејства кои живеат во социјален ризик во Општинава.

Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент, без разлика на верска, етничка и национална припадност. Нека се за многу години големите празници, нагласи Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*