Хуманитарни пакети за жители на Црник од организацијата Turkey for peace

По иницијатива на Ерол Пилов, во село Црник распределени 70 пакети од организацијата Turkey for Peace. Пакетите како што информираше беа доделени од страна на Исламската верска заедница-Штип, кои и предходните години редовно се донесуваат пакети за време на месецот на постот Рамазан кај муслиманите.

-Пакетите беа доделени на луѓе кои постат редовно, сиромашни, луѓе не покретни и вдовици.
Пакети исто така беа доделени на православни луѓе на кои навистина им беше потребна помош од таков вид на пакет, тоа се луѓе кои се сиромашни и живеат сами во своите домови. Тие луѓе живеат сплотени сложно и братски со нашите браќа муслимани од с.Црник, рече Пилов.

Честитајки им ги празниците, на верниците од муслиманска вероисповест им посака да бидат издржливи на крајот од Рамазанскиот пост.

-Не сме створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме од мали работи да направиме големи, со многу труд и почит кон луѓето на кои навистина им е потребна финансиска и било каква помош. Алах, нека им дава здравје бериќет на донаторите кои секоја година донираат на сиромашни луѓе низ цела Македонија и цел свет. Сите да бидете здрави живи и Алах на сите да ви даде сила во постот во последните денови, бериќет здравје и убави денови во Рамазан Бајрам, истакна Пилов.

Поради ограничениот број на пакети упати извинување на сите кои не добија пакет, а претходно побарале.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*