ЈЛБ ,,Илинден” ги одбра најдобрите творби на тема ,,Безбедно детство”

ЈЛБ ,,Илинден” ги одбра најдобрите творби на тема ,,Безбедно детство”. Конкурсот како што изјави директорката се организираше по повод Денот на македонската полиција 7 Мај.

-Радува фактот што со секој нов распишан конкурс на ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, добиваме се подобри и поквалитетни творби. Тоа значи дека имаме прекрасни паметни деца кои се амбициозни, талентирани, кои знаат да творат и сакаат да творат.

По повод 7 мај, денот на македонската полиција, ЈЛБ„Илинден“ на литературен конкурс на тема„Безгризно детство“ ни пристигнаа прекрасни творби и поезија и проза. Избравме три најдобри творби од основци и три најдобри творби од средношколци. Од СОУ„М.М.Брицо тоа се творбите на Сандра Марковска, творба која ќе биде прочитана утре на свеченоста по повод одбележувањето на денот на полицијата на летната сцена. Потоа творбите на Ива Ивановска, Теодора Тодоровска, Андреа Димитровска. Од учениците од основното образование, како најдобри ги избравне творбите на Искра Георгиевска, Ања Димитровска и Вања Ѓеоргиевска. Честитки до сите ученици, навистина сите творби беа прекрасни.

Од име на ЈЛБ„Илинден“, на сите кои се дел од македонската полиција им го честитаа утрешниот ден 7 Мај.

Повеќе за денешниот настан на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=505943437869475&id=100053614699580

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*