Низа настани по повод 146-годишнината од Разловечкото востание

Во Делчево во тек пријавувањето за планинарскиот марш кој во недела ќе се одржи по повод одбележувањето на 146-годишнината од Разловечкото востание. Претходно по повод значајниот датум, Општина Делчево во партнерство со Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура ќе организира пригодна свеченост на 19 мај (четврток) во село Разловци. 

-Програмата и годинава се реализира под мотото „Делчево го чествува аманетот“ во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“. Настанот ќе започне со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан, по што ќе следува културно-уметничка програма, информираа од Општината.

Оттаму упатија покана до сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.   

-За традиционалниот планинарски марш посветен на 146 годишнината од Разловечкото востание кој ќе се одржи в недела, своето присуство заинтересираните да го потврдат најдоцна до 20.05.2022 на телефон 033/411-550 (Општина Делчево) и 070/605-137 кај Љупчо Чучуковски (ПСК „Голак“ Делчево), додадоа од Општината.

Планинарскиот марш е со релација с. Тработивиште- брана Лошана-Разловци и е во должина од 7 километри со лесна рекреативна патека. Според планираната програма, зборното место за планинарите е паркинг на спомен-дом АСНОМ во 8 часот на 22 мај, од каде ќе биде организиран превоз до с. Тработивиште.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*