Во Делчево започнаа активностите по повод одбележувањето на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители ,,Св.Кирил и Методиј”

Во Делчево започнаа активностите по повод одбележувањето на 24 Мај Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј”, кои се патрони на градот Делчево. Настанот започна со подготвен видео перфирманс за животот, делото и значајната улога во развојот на словенската писменост на светите браќа ,,Кирил и Методиј” како заедничка тема на Јавната локална библиотека „Илинден“ и ученици од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Биљана Петровска зборувајќи за идејата за подготовка на перформансот потенцираше дека учениците од СОУ „М.М.Брицо“ успеаја да го доловат ексклузивното значење на дејноста на словенските просветители.

-Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа, говори фактот што денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан, со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи, а овие светители се и патрони на Делчево. Посебно радува фактот што овие млади делчевци кои учествуваа во перформансот како гласноговорници на својата генерација, со својот труд дадоа несебичен придонес уште еднаш да се потсетиме и да го нагласиме значењето на сесловенските просветители, рече Петровска.

Во рамките на одбележувањата беше отворена и изложбата од 25-та по ред Меѓународна ликовна колонија „Кавадарци- Михајлово 2021“ на која беа изложени дела од дваесетина автори од земјава и странство.

-Љубителите на ликовната уметност во Делчево ќе имаат можност да се запознаат со делата одМеѓународната ликовна колонија, каде учество зедоа ликовни уметници од земјава, но и од Турција, Бугарија, Србија, и други. Изложбата е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Домот на културата „Иван Мазов- Климе“ од Кавадарци, рече директорот на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров.

Празнувањето на 24 Мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј утре ќе продолжи со Светата архиерејска литургија и традиционалната Литија од црквата „Св.Наум“ до параклисот „Св.Климент Охридски“ во дворот на СОУ „М.М.Брицо“, каде ќе се пресечи славскиот колач, додека в четврток, концерт ќе одржи дуото „Дуо Скупи“- македонски звуци на флејта и виолин, настан финансиски поддржан од Министерство за култура на РСМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*