Одбележан патрониот празник на Општинското основно училиште ,,Ванчо Прке” од Делчево

Општинското основно училиште ,,Ванчо Прке”, денес го прослави патронот на училиштето. Од дамнешната 1972 година па се до денес, својот 50 долгогодишен опстој, го одбележува со многубројни активности.

Денешното одбележување на патронот започна во натпреварувачки дух и многубројни навивачи со спортски екипи во ракомет, футсал и кошарка, се реализираа во дворот на училиштето и во спортската сала.

-Училиштето денес во рамки на одбележувањето на патрониот празник беше домаќин на своите соработници и претставници од општината, образовните институции, невладините организации и вработени – пензионери, кои не почестија со нивното присуство.

Во 18 :00 часот беше одржана Свечена културно- уметничка приредба на која учествуваа учениците од прво, второ , па се до деветто одделение со прекрасни музички изведби и весели мали играорци кои со своите настапи ја воодушевија многубројната публика, информираше заменик директорката Маријана Стоименовска.

Пред учениците свое обраќање имаше и директорот Горан Велков:

https://youtube.com/shorts/Z3I33-mNLZ4?feature=share

https://youtube.com/shorts/dUsoD6PcPPU?feature=share

https://youtube.com/shorts/N5ssmD1Gblk?feature=share

https://youtube.com/shorts/N5ssmD1Gblk?feature=share

Ова е прва прослава со физичко присуство по пауза од две години, која учениците и родителите со голем восхит покажаа колку им недостасува нашата заедничка дружба и споделување на заеднички доживувања и дружења.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*