Каменичкиот клон на Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево доби донација од книги

Каменичкиот клон на Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево доби донација од книги.

-Убаво е што секоја наша нова посета на клонот во М.Каменица, е за убави нешта, и убаво е што на нашите читатели им споделуваме убави информации. Од име на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, огромна благодарност до порталот umno.mk, порталот nauka za deca и kantarot.mk и особено благодарност до Наташа Атанасова за донацијата на книги. Чинот на добрина подразбира чин на среќа. Среќни сме заради оваа добрина.
Велат само еден акт на добрина, пушта корења во сите правци од кои растат нови дрвја.Нека овој акт на добрина, биде поттик и мотив и други да донираат книги, па да расте бројот на нови наслови, а со тоа и бројот на читатели. Umno.mk , порталот nauka za deca и kantarot.mk ви благдариме, и се надеваме и на понатамошна соработка, истакна директорката Биљана Петровска.

Повеќе за донацијата на линкот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*