Во тек пријавувањето за големиот турнир во мал фудбал ,,Малеш Куп”

Во Берово во тек пријавувањето за големиот регионален турнир во мал фудбал ,,Малеш Куп”, кој ќе се одржи кон средината на идниот месец. Турнирот е во организација на група ентузијасти кои информираа дека ќе биде прв ноќен турнир во траење од 12 дена.

-Пријавувањето на екипите е до 08.06.2022 година. Турнирот ќе се игра во формат 5+1. Предвиден е голем паричен награден фонд за најдобрите 3 екипи, а учеството од екипа е 5.000 денари, информираа организаторите.

Упарија покана до сите вљубеници во фудбалот да го прифатат предизвикот и да пријават своја екипа за учество. 

-За пријавување и повеќе информации заинтересираните екипи ги повикувам да не контактираат на 070-280-972 или на официјалната страница ,,Малеш Куп” на фејсбук, каде ќе можат да се запознаат со повеќе детали за учество на турнирот, досадоа организаторите.

Првиот турнир во мал фудбал ,,Малеш Куп” кој ќе се одржи на спортското игралиште кај старата гимназија во Берово, ќе започне на 15 јуни 2022, а истиот со награден фонд од 150.000 денари ќе биде поддржан од локалните бизниси во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*