Екипата на ,,Патриот 2016″ Делчево шампион во конкуренција за кошаркарки до 16 години

Екипата на ,,Патриот 2016″ од Делчево  ја освои шампионска титула во М-16 кошаркарската лига на Македонија. Екипата од Делчево која викендов беше организатор на завршниот Ф4 турнир, во финалето триумфираше над Тим Арена од Штип со 57-69, со што ги освои златните медали во конкуренцијата за кошаркарки до 16 години за сезоната 2021/2022. 

Капитенот на клубот од Делчево, репрезентативката Ана Ангеловска го освои признанието за најкорисен играч со дабл-дабл ефект од 42 поена и 14 скокови предводејки ги своите соиграчки до победата.

Во својата изјава по завршувањето на натпреварот Ангеловска изјави дека целиот тим е пресреќен, а победата, како што додаде е резултат на макотрпната работа на екипата.

Тренерот Љупчо Петровски не криејки го задоволството потенцираше дека победата која е 16 по ред на екипата и ја донесе шампионската титула, додека спонзорот на екипата Александар Дончевски, потенцираше дека медалот не е важен толку, колку што е важно што повеќе од 30 години тренирајки млади деца, Петровски успева да ги оттргне младите од пороците на денешницата, што е најголем успех за него како спортски тренер.

Честитки до тимот упати и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковаки кој најави понатамошна поддршка од страна на општината за спортистите.

Претходно, во натпреварот за трето место славеа Вардарки над кошаркарките од Бадел 1862 со 62-84.

Целиот натпревар со церемомијата на доделување на медалите:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*