
Со ,,Малиот гангстер” продолжува иницијативата на општествено-одговорната компанија ,,БРЕГАЛ” кои во соработка со НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” пред две недели започнаа со прикажување детски кино-проекции .
„Малиот гангстер“ ја раскажува приказната за Рик Боскамп, момче коешто е уморно да биде секојдневна мета на своите соученици – силеџии. Кога Рик со своето семејство ќе се пресели во друг град, со цел да избегне повторно задевање од новите соученици, тој добива идеја да ги измами дека неговиот татко е важен и опасен мафијашки лидер. Сите негови соученици и соседи во соседството го почитуваат Рик и татко му, сè додека не се појави силеџијата од неговото минато, се вели во најавата за филмот.
Кино-проекцијата на ,,Малиот Гангстер” е закажана за сабота 11.06.2022, со почеток во 19 часот со слободен влез за посетителите:

Leave a Reply