ЈЛБ ,,Илинден” со активности по повод Денот на културата

ЈЛБ „Илинден“-Делчево и годинава го одбележува 10 јуни – денот на културата. И овој пат како што информираше директорката Биљана Петровска, библиотеката одлучи одбележувањето на денот на културата да не е поврзано со книгата туку акцент да биде ставен на екологијата и уредувањето на дворното место пред библиотката.

Благодарност до ЈПКД „Брегалница“ од каде добивме како подарок клупа која ја поставивме до влезот на библиотеката, засадивме зимзелени дрвца кои ни се подарок од ЈП Национални шуми,ШС”Голака”-Делчево а, во чест на денот на културата се потрудивме влезот на библиотеката да ни биде цветен.

Со оваа наша активност, и годинава сакаме да покажеме дека со малку труд, малку парични средства и со голема желба, можеме да го разубавиме секој простор.Малку зленило, малку цвеќе, можат да дадат многу позитивна енергија и убав поглед кон библиотеката на секој минувач.

Поставивме и нова канта за ѓубре, и искрено се надеваме и посакуваме пред влезот на библиотеката повеќе да нема, изгорени и недогорени цигари, дека дрвцата кои ги засадивме нема да бидат уништени и заедно со оние што лани ги засадивме на овој ден ,ќе растат и ќе го прават просторот убав и зелен, рече Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*