ЈЛБ ,,Илинден” со подароци за “младите библиотекарки”!

Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево продолжува со изненадувањата за своите читатели и учесници.

-Денес наши гости беа Антонела Николовска, нашиот претставник на натпреварот „Млади библиотекари„ и Искра Георгиевска и Сара Ангеловска, нашите претставници на ДПФ „Мајски цвет“. Тие ја претставија нашата библиотека на најдобар начин,и денес од ЈЛБ „Илинден“ добија дипломи и подарок книга, информираше директорката Биљана Петровска.

Тие како што додаде Петровска се едни од девојките кои секогаш биле на располагање на библиотеката за учество во активности и настани.

-Искра, Сара и Антонела ќе бидат и промотори на промоцијата на книгата “Мојот живот минато мило”, која ќе се одржи утре во читалната со почеток во 12 часот.

Убаво е чувството кога соработуваш со деца кои со своите размислувања , однесување, постапки се повеќе од возрасни. Бидете и понатаму онакви какви што сте свои, самоуверени ,умни!
Ви благодариме, додаде Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*