
Во рамки на активностите за поддршка на роднокрајните автори, денес во М.Каменица промовирано делото ,,Без Крилја” од младата каменичанка Климентина Соколовска.

-КИЦ ,,Романса” Македонска Каменица веќе започна со поддршка на роднокрајни автори во издавање на разни дела без разлика дали се литературни или ликовни дела. Досега го поддржавме издавањето на сликовницата на нашата ученичка Софија Ситновска, а еве денес и ново издание на нашата сограѓанка Климентина Соколовска со наслов”Без Крилја”, се вели во објавата на КИЦ ,,Романса”.

Како што најавија оттаму, КИЦ ,,Романса” и во иднина ќе продолжи со поддршка на роднокрајни автори за што наскоро ке биде одржана промоција на ново издание.

Leave a Reply