Во Берово одбележана годишнината од смртта на бранителите З.Бубевски, Н.Пехчевски, Љ.Мирчовски и Д.Двојаковски

Денеска во Берово се одбележа 21 година од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, во воениот конфликт 2001 година и една година од подигање на спомен обележјето, кое во нивна чест го подигна општината. 

Пред спомен обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија делегации од Единиците на загинатите Бранители, од Општина Берово, семејства на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово- Пехчево , Здружение на воени инвалиди и Здружение на пензионери, а пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење, беше оддадена почит. 

-Сеќавањето на бранителите и почитта која  им ја укажуваме, не обврзува, да упатаме благодарност до Иницијаторот за подигање на  спомен обележјето во Берово –  Батаљон за врски Скопје,  единицата која го чествува споменот на Зоран Бубевски, до Одборот за подигање на спомен обележјето и до општинската администрација, која даде несебичен ангажман,  за подигање на ова спомен обележје, од кое денес  бележиме точно една година, беше истакнато во рефератот по тој повод.

Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, како што беше посочено пред 21 година застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Георгиев Беровски, Никола Петров Русински, Леонид Пецовски, Ацо Русковски и многу други херои, кои се вградија во континуитет на изградбата на независна македонска држава и го чуваат вечниот оган кој Беровчани и нивните сограѓани, нема да дозволат да избледи. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*