Се зголемува интересот за фудбал кај најмладите во Делчево

Се зголемува интересот за фудбал кај најмладите во Делчево. Малиот Никола е вљубеник во фудбалот од мали нозе, а фудбалскиот клуб Брегалница Делчево каде тренира 2 години  за него е место каде освен што игра фудбал, запознава и многу нови другарчиња.

-За мене фудбалот е многу добро нешто и секогаш по дома сум со топка. Играме натпревари со други екипи, а најомилен натпревар ми е кога игравме со Кочани. Јас тогаш дадов два гола и ги победивме 4:0. На тие што не тренираат ќе им порачам да дојдат и да потрчаат, ќе запознаат многу нови другарчиња, вели Никола од Делчево.

Во ФК ,,Брегалница Делчево” се одржуваат тренинзи и во женски фудбал.

-Ми се допаѓа да одам на фудбал, добри се тренинзите. Имаме играно и натпревари со други екипи доаѓа, така што добро е да се биде фудбалер, вели младата фудбалерка.

Тренерот Душко Петровски информираше дека младите категории во моментот се поделени во неколку категории, а поради летниот распуст во моментот активно на тренинзи учествуваат околу 70 фудбалери.

-Со колегата Дејан Михајлов, ова ни е последен тренинг годинава, затоа денес сме сите групи заедно. Во текот на годината дечињата се поделени во групи според годината на раѓање. Сезоната заврши, а годинава се натпреварувавме во генерациите за фудбалери родени 2009 и 2010 година. Во таа лига не се бодираат натпреварите, а во натпреварувањата за најмлади имаме освоено први, втори и трети места, вели Петровски.

Екипата како што додаде продолжува со тренинзи во Дојран каде веќе се наоѓаат фудбалерите реализирајки го еднонеделниот фудбалски камп.

-Во Дојран како и секоја година имаме активни тренинзи, но сето тоа низ забава и дружење со врсници на нашите фудбалери. Во Дојран имаме закажано и неколку пријателски натпревари. Сместени сме во бунгалови, со обезбедено се што е потребно за фудбалерите, така што мислам дека ќе имаат една одлична недела за релаксација и секако за тренинг, додава Петровски.

По враќањето во Делчево, како што додава тренинзите продолжуваат активно на Градскиот стадион заради што упати апел до сите нови вљубеници во фудбалот да ги посетат и да станат дел од младинската фудбалска школа на ФК ,,Брегалница Делчево”. 

Видео прилог: https://fb.watch/dR8sepsnQf/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*