Делчевската библиотека со подароци за Првенците на генерацијата

Откако ги награди најдобрите 10 матуранти од гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” делчевската Јавна локална библиотека ,,Илинден” денес додели подароци книги и за најдобрите ученици од двете делчевски деветолетки.

-Делчево има многу добри ученици, талентирани амбициозни, мудри. Деца кои заслужуваат да бидат поддржани, наградени, мотивирани…Токму такви се двете девојки кои утрово беа наши гости. Најдобрите меѓу полуматурантите, првенецот на генерација од ООУ “Ванчо Прке”, Вања Георгиевска и првенецот на генерација од ООУ “Св.Климент Охридски”, Марија Салтирова, кои од ЈЛБ “Илинден” добија подарок книга. Им посакуваме многу успех и во иднина, истакна директорката Биљана Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*