Делчевската библиотека се приклучува на иницијативата „Секое капаче е вредно“

Јавната локална библиотека „Илинден“-Делчево се приклучува на иницијативата „Секое капаче е вредно“. Оваа иницијатива е на платформата ,,Активирај се на време” и според директорката на библиотеката Биљана Петровска е исклучително значајна, бидејќи крајната цел е помош за најмалите.

-Националниот хуманитарно-еколошки проект „„Секое капаче е вредно““ има за цел да се активираат што поголем број на компании и граѓани со цел да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку логистичкиот парнер на кампања “Пакомак“ а собраните средства кои ќе се обезбедат од откупот на капачиња заедно со финасиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реконструкција на детските одделенија во целата држава. ЈЛБ„ИЛинден“ како општествено одговорна и како институција која негува вистински вредности, се приклучи кон оваа иницијатива, и сериозно ќе пристапиме, затоа што се работи за нашите најмали и
најмили и за реновирање на детските одделенија низ државата.

Утрово не информираа дека во тек е изработка на нови мобилни пунктови кои ќе бидат наменети за собирање на пластични капачиња. Ваков мобилен пункт ќе има и нашиот град.Меѓутоа додека да се реализита сето тоа , ЈЛБ„Илинден“ ги повикува сите граѓани да собираат капачиња и да ги донесуваат во библиотеката. Ние ќе ги собираме во пластични шишиња и истите потоа ќе бидат истурени во пунктовите. Да собереме што поголем број на пластични капачиња. Бидејќи колку повеќе капачиња собираме, толку повеќе детски насмевки ќе имаме. Веруваме дека сите можеме да креираме и да допринесеме за добросостојба на сите нас, секаде каде што е потребно. Почнуваме и продолжуваме со собирање и со поголеми предизвици, рече Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*