Три лица повредени по верижна сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица

Три лица повредени по верижна сообраќајна несреќа која денес околу 12:50 часот се случи на регионалниот пат Делчево – М.Каменица.

Според информации на Итната медицинска помош, повредените се хоспитализирани и дел од нив се упатени во најблиските клинички центри. Бројката на повредени како што додадоа можно е да биде зголемен, поради поголемиот број на патници кои се наоѓале во возилата кои учествувале во верижниот судир.

На местото на несреќата увид вршат екипи на делчевската полиција, а присутно е и возило на противпожарната единица од Делчево. Неофицијално полицијата потврди дека двајца од учесниците во сообраќајната несреќа побегнале од местото на несреќата. 

Дополнителни информации за причините за несреќата и бројот на повредени лица од полицијата најавија во текот на денот.

За прекинот на сообраќајот информираа и од АМСМ:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*