Професорките Билјана Начовски и Магдалена Симовска меѓу најуспешните франкофони во Македонија

Професорките Билјана Начовски од Делчево и Магдаленка Симовска од Пехчево, заедно со уште неколку нивни колешки се меѓу најуспешните франкофони во Македонија.

Најуспешните професори по француски јазик од Македонија, кои учествуваа на натпреварот во организација на Фондацијата „Бел Идеал“, четири дена престојуваа во Париз како награда за нивната досегашна работа во наставата и во промоција на франкофонската култура и цивилизација.

Победници на натпреварот се Магдаленка Симовска од Пехчево, Билјана Начовски од Делчево, Ирена Наумоска од Прилеп, Мимоза Цека од Тетово и Елена Лазаревска и Анета Митевска од Скопје.

Натпреварот се реализираше во две категории: професори кои имаат повеќе од 5 години практично искуство во наставата по француски јазик и професори со помалку од пет години работно искуство.

Покрај достава на досиеја со докази за активности спроведени во периодот од јануари 2019 – 30 април 2022 година, професорите имаа и интервју на крајот на мај 2022 година со претседателката на фондацијата, Бенреждал, која се сретна со сите финалисти од повеќе градови.

Имињата на добитниците на наградата беа соопштени на завршната франкофонска активност за време на натпреварот за Француска шансона во хотелот Лимак во Скопје.

Честитки за оваа иницијатива за вреднување на трудот и заложбите на професорите по француски јазик која треба да биде пример и за други фондации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*