
По одржаните средби со граѓаните и доставените идеи и предлози за заживување и враќање на сјајот на планината Голак, направено е евидентирање на истите и од вкупно 30 предложени идеи издвоени се 6 идеи (предлози) кои оваа година во месец Август ке бидат доставени до Советот на Општина Делчево. Целта е нивно понатамошно процесуирање и имплементирање на истите во буџетот за 2023 година, а со крајна цел-нивна побрза реализација. Ова го истакна Претседателот на Советот, Гоце Попов на својот фејсбук профил набројувајки дел од предложените идеи.
Изберените идеи се следни:
- Изградба на современи јавни тоалети – монтажен тип ( на локација предвидена од општината)
- Поставување на сообраќајни рампи и препреки со цел заштита од возила на детските игралишта
- Изградба на детско адреналинско игралиште (катче) од дрвени елементи и јажиња со цел активен престој на најмладите
4.Поставување на монтажен модерно дизајниран павилјон (дрвен штанд) кој ке служи топли напитоци и брза храна за посетителите , како и издавање на зимска опрема (санки, сноуборд, скии..) - Изработка на идеен проект за реконструкција на детското одмаралиште со цел објектот да се редизајнира и дообликува по примерот на најсовремените објекти од ваков тип, а воедно и да се потврди неговата примарна функција ! (Оваа идеја ке се реализира на волонтерска основа )
- Поставување на урбана опрема – клупи за седење со маси, на повеќе различни локации на планината (долж патот до манастирот)
Останатите идеи, како и сите идеи и предлози кои допрва ке бидат доставени ке бидат предмет на разгледување во следната година. Со овие 6 првични предлози се надеваме дека ке успееме да ги иницираме промените во користењето на потенцијалот на планината и ке го забрзаме враќањето на посетителите во поголем број. Ова се првите идеи кои ке тргнат во реализација доколку добијат поддршка од Советот на Општината. Се надеваме дека секоја следна година ке успеваме да имплементираме по неколку предлози во буџетот.
При изборот на идеи водено е сметка да не биде нарушен постоечкиот детален урбанистички план. Ние не вршиме упад во урбанистичкото планирање туку иницираме надополнување со предложените содржини во вид на урбана опрема а со крајна цел заживување на планината и искористување на нејзиниот потенцијал.
Со Почит
Гоце Попов дипл.инж.арх.
Во продолжение видео од одржаниот ден на идеи минатиот период во Делчево:
Leave a Reply