Излезе од печат книгата ,,Миле Јаневски Џингар – по нашата смрт тој ќе живее” од авторот Јофка Стоилова

Македонска Каменица без Рудник Саса би била булевар без име или пак патека која го сврзува Истокот и Западот. Со овие зборови роднокрајниот автор Јовка Стоилова ја изразува својата благодарност до Рудник Саса кои заедно со КИЦ ,,Романса” го спонзорираа нејзиното дело посветено на херојот Миле Јаневски – Џингар од Македонска Каменица.

-Инспирација…да херојското дело…спонтано ми дојде идеја дека овој човек мора да се опише и да се остави еден запис што генерациски ќе постапи некаде. Бев сиромашна со информации, не можев да ,,чепкам” каде не ми е местото, но изнајдував зборови самата од себе, така што успеав да опишам едно херојско дело и по 21 година. Фактографски податоци не постојат, но година и место на раѓање, година, датум, смртен час и злосторничкото место се впишани, што е најважно да се знае за херојот. Овој случај е енигма и за жал претпоставувам така и ќе остане. Еве јас се потрудив, на некој начин со гордост да го опишам, за нашиот град тој е светлина, вели Стоилова.

Изрази голема благодарност до семејството Јаневски од кое добила дозвола животното дело на Миле Јаневски Џингар, да го преобрази во своја мала но вистинита приказна.

Ова е втора нејзина книга, пишува и композициски текстови, од кои дел се веќе искористени освојувајки прво место на фестивал.

За промоција се уште не планирала, но сигурни сме дека во заеднички договор со Јавната локална библиотека Илинден и клонот Крсте Петков Мисирков од М.Каменица како и КИЦ ,,Романса” во брзо време би се промовирало делото за кое ние, а и останатата читателска публика од М.Каменица, Делчево и пошироко ќе дознае нешто повеќе за новата книга од авторот Јовка Стоилова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*