Предупредувачки протест на овоштарите од Пијанец

Предупредувачки протест за 24.08.22 најавија овоштарите-производители на сина слива. Причина за штрајкот како што се вели во најавата е недостигот на организиран откуп на огромното количество на сини сливи.

Протестот е закажан во периодот од од 11 до 13 часот на регионалниот пат Делчево-Берово и ќе биде прво предупредување до надлежните институции за поголемо внимание за надминување на проблемите на овоштарите и производителите на сина слива.

На протестот кај бензинската пумпа кај клучката со меѓународниот пат кон Бугарија, поддршка е најавена и од земјоделци од останатите земјоделски дејности кои се соочуваат со потешкотии во своето работење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*