Атанасовски: Поради нестабилно мнозинство во Советот, доведено во прашање функционирањето на Општината

Поради нестабилно мнозинство во општинскиот Совет,  доведено во прашање функционирањето на Општината. Ова го потврди градоначалникот на Општина М.Каменица, Димчо Атанасовски, кој во своето обраќање до јавноста посочи дека  кулминацијата е по последно одржаната Седница на која не е изгласана точката за ребаланс на Буџетот.

Атанасовски е на став дека предложениот Ребаланс на Буџетот е најдобро можно решение во овој момент, а со негово неизгласување според него е доведено е во прашање редовното сервисирање на обврските на Општината.
-И покрај тоа што ,,општинската каса” е полна, а како последица на тоа веројатно е дека ќе биде прекината испораката на електрична енергија чија цена е повеќекратно зголемена последниот период од неколку месеци. Ова се случува во период во кој е започната реализизација на неколку големи проекти истовремено, чија успешна реализација поради неизгласувањето на битни одлуки и акти од страна на членовите на општинскиот совет е доведена во прашање, бидејки доведено е во прашање сервисирањето на обврските спрема фирмите-изведувачи кои веќе се во напредна фаза на неколку проекти кои се од особено значење за нашиот град, истакна Атанасовски.

Без овој ребаланс на буџет како што додаде ќе биде невозможно зголемување на платите на вработените во образованието, распределбата на ветената поддршка за учениците, доделување стипендии и финансиска поддршка за социјално ранливи категории, изградбата на нови водоводни и канализациони мрежи преку Јавното претпријатие и зголемување на платите на времено ангажираните лица во истото. 

Градоначалникот на М.Каменица дополни дека истото се однесува и на распределба на новопредвидени средства за спортски клубови и невладини организации и здруженија на граѓани, поддршка за локалните установи и институции.  

-Почитувани сограѓани. Соочени сме со многу предизвици, меѓу кои е и нефункционирањето на коалицијата кој беше договорена помеѓу двата круга од изборниот процес. Во наредните неколку денови, општинската администрација ќе биде силно насочена кон безболно решавање на поголем дел од настанатите проблеми и верувам дека повторно ќе бидат изнајдени најдобрите решенија, додаде Атанасовски.

Изрази уверување дека и членовите на Советот на ЕЛС Македонска Каменица ќе ја преиспитаат својата одлука и дека во најбрз рок ребалансот на буџетот ќе биде изгласан. По последните локални избори одржани минатиот октомври, во Совет на Општина М.Каменица, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, имаат по 4 советници, додека останатите тројца советници се избрани од независни Советнички листи.

Обраќањето до граѓаните на Атанасовски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0oHAmJY62g82SGR5ajmQdwt7a6em8M9Pnz6vaV2QFr8QCxY8SKaSuv7DM7HpbtKrtl&id=100072055344868

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*