Активности под мотото „Заедно за еден поинаков прв училишен ден“

Под мотото „Заедно за еден поинаков прв училишен ден“, традиционално и годинава на почетокот на учебната година, ЈЛБ„Илинден“-Делчево и Општина Делчево, подаруваат училишен прибор или пакети на учениците или училиштата во општината. Годинава се одлучивме да подариме на четири дечиња од социјално ранливи семејста, кои живеат во Црквенец и Илиово.

Овие деца не само што се во тешка социјално – економска состојба и ги одгледуваат самохрани родители, тоа се и дечиња кои поминале низ семејно насилство, трауми и скоро секојдневно преживување, и имаат потреба од помош.
ЈЛБ„Илинден“, со многу љубов и внимание им спакува патеки со разновиден школски прибор, сакајќи почетокот на новата учебна година да го започнат со радост и среќа и да имаат се, што на првиот училишен час ќе имаат сите други деца.Општина Делчево пак, за дечињата подготви пакети со храна и хигиенски стредства,се со цел барен за момент овие дечиња да заборават на грижите и да се израдуваат.

Пакетите утрово ги однесовме до ООУ „Ванчо Прќе“ , директорот на училиштето Горан Велков, понатаму ќе ги достави до дечињата.
Детската насмевка, радоста и задоволството на нашите деца секогаш треба да ни биде приоритет.Затоа што секое дете заслужува да биде среќно и безгрижно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*