Успешен настап на КУД ,,Јане Сандански” Пехчево на ,,Фолклорни патеки” во Брезница

Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански” од Пехчево учествуваше на 4-от Меѓународен фестивал ,,Фолклорни патеки” во Брезница, Општина Гоце Делчев во Р. Бугарија.

-Заедно со пензионерскиот хор ,,Малешевска китка” од Пехчево бевме дел од фолклорните средби, и на истите ни беа доделени Награда за учество, информираше директорката Валентина Веселинска.

На настанот учествуваше и Делегација од општината на чело со градоначалникот Александар Китански.

Во продолжение неколку фотографии од настапот на младите играорци од Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*