
Во периодот од 24 август до 02 септември 2022 година во просториите на РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево се одржа Музичка работилница во рамките на проектот Работа со РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево – Музички хепенинг и промоција на млади музички звезди. На еднонеделната музичка работилница учествуваа 50 млади лица на возраст од 09 до 29 години.
Модератор на музичката работилница беше Самостојниот уметник Зенил Реџепов Стручни, а со Музичката работилница работеше Магистер по музичка уметност Даме Манов.

На еднонеделната музичка работилница акцентот беше ставен на перкусивните инструменти, беа изложени тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други ситни перкусии. Децата и младите визуелно и аудитивно се запознаа со овие инструменти, со имињата, звукот, изгледот и дел од техниките кои се употребуваат. Во одреден дел од музичката работилница имаше употреба на body percussion така што децата го користеа сопственото тело како инструмент, како и на основните музички елементи: темпо, ритам, метар, тембр, мелодија, хармонија, форма и сл. Најмладите направија свои инструменти, шејкери, со кои вежбаа различни ритми.
Целта на работилницата е преку игра, едукативно да се допре до секое дете кое беше присутно на настанот, исто така и кај младите кои покажаа интерес. Истовремено сите се забавуваа и научија нови нешта.

Предавачите се обидоа да допрат и до родителите да внимаваат на изборот на музика која се пласира до нивните деца . За време на работилниците м-р Даме Манов со задавање ритмо-метрички примери ги анимира децата активно да учествуваат преку игра, а им прожектира и неколку песни од цртани филмови. Работилниците се одвиваа дел на отворено дел во фоаето на здружението. Работилниците се состоеа од теоретски и практичен дел на тема: музиката и важното во неа и трема и видови меморија и создавање бенд и звук и озвучување бенд. Последните 2 дена се резервирани за учесниците на музичката работилница каде практично ги пробаат советите и ги презентираат.

Организатор на Музичката работилница е невладината „Тернипе МК“ Делчево; Соработници/партнери: Општина Делчево и КУД„Гоце Делчев“ Делчево; Предавач на Музичка работилница: Магистер по музичка уметност проф: Даме Манов Поддржувач: Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Видео од денешната работилница ТУКА
Leave a Reply