Семинар за изучување на народни ора песни и обичаи – Завршни подготовки за Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Делчево Фест 2022″

Во рамките на Фестивалот/Манифестацијата „Делчево фест“ 2022 (46-ти Меѓународен музички и фолклорен фестивал и придружна манифестација 16-та Пијанечко – Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот на 2,3,4.09.2022 – ( Петок, Сабота, Недела) се организира:

Семинар за изучување на народни ора песни и обичаи: развивање, промовирање, зачувување и презентирање на македонскиот фолклор и обичаи, изразени преку народни ора, песни, инструменти и носии кои го изразуваат историското минато и богатството на културното наследство и традиции на македонскиот народ со познати предавачи и еминентни познавачи на фолклорот и музиката: Зенил Стручни координатор и професор по музичка уметност Даме Манов. На семинарот присуствуваат 50 млади момчиња и девојки и младоженците за престојната манифестација.

Обука на младоженците за 16-та Пијанечко – Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот: Елеонора Мичковска од с.Русиново, беровско и Горанчо Костадинов од с.Нов Истевник, делчевско со членовите на КУД„Гоце Делчев“ Делчево. Се изучуваа адети и обичаи од регионот, редење ќитење на бајракот, презентација на младоженците за престојната манифестација/фестивал, ора и песни од регионот, кланњање пред кумот, бакнување на рака и др….

Организатор на семинарот и обуката: КУД„Гоце Делчев“ Делчево; Покровител: Општина Делчево; Предавачи: Зенил Реџепов СТРУЧНИ самостоен уметник/кореограф,  Магистер по музичка уметност проф: Даме Манов и др…Поддржувач: Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Видео изјави ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*