Видео: Спроведување на адетите на Пијанечко-Малешевската свадба

Горанчо Костадинов и Елеонора Мирчовска изминатата сабота во Делчево ја крунисаа својата љубов на стар автентичен начин, во рамките на 16-та Пијанечко-Малешевска свадба, како придружна манифестација на традиционалниот Меѓународен фестивал „Делчево фест“. 

Во рамки на настанот младоженецот Горанчо Костадинов кој е по потекло е од селото Истевник, Делчевско, а невестата Елеонора Мирчовска од беровското село Русиново, беа примени од градоначалникот Трајковски, кој на младите им ја врачи традиционалната награда од Општина Делчево, парични средства во износ од 12.000 денари.

Посакувајки им долг и среќен заеднички живот со многу дечиња Трајковски упати срдечни честитки до главните актери на манифестацијата која покажува дека свадбарските обичаи се сè уште живи и се почитуваат. 

Свадбарските адети беа промовирани на летната сцена во рамките на 46-тиот по ред Меѓународен музички фолклорен фестивал „Делчево-фест“ на кој настапуваат 25 учесници, фолклорни групи и изведувачи од земјава и од Србија, Бугарија и Турција.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата.

Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерство за култура

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*