
Градоначалникот на Берово денеска потпиша договор за соработка, со Министерството за труд и социјална политика, за реконструкција и адаптација на Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“ – 4 ламела, со што ќе се на зголеми неговиот капацитет, за нови 28 корисници во домот.
Целта на договорот е унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите, согласно потребите на граѓаните во социјален ризик, информираа од Општината.
За ваквата адаптација од страна на Министерството за труд и социјална политика, издвоени се 14.165.699,40 денари, вкупна вредност со ДДВ.
-Како општина и понатаму продолжуваме да ги препознаваме потребите на граѓаните, особено потребите на повозрасната група на граѓани и да овозможуваме достоен живот за сите, рече Пекевски.
Упати голема благодарност до Министерството за труд и социјална политика, кое не препознава како сериозен партнер во развојот на социјалните услуги на локално ниво и ни овозможува реализација на вакви големи проекти.
Најави продолжување со заложбите за унапредување на квалитетот на живот на старите лица и на сите граѓани во Општина Берово.
Leave a Reply