Започна најавената акција за чистење на Градскиот стадион во Делчево

Започна најавената акција за чистење на Градскиот стадион во Делчево. Иницијативата како што информираше Душко Петровски, тренер на младинскиот состав на Брегалница е на општествено-одговорната фирма Брегал, а во реализацијата на истата се вклучија комуналното претпријатие, вработени во локални институции и други помагатели.

-Акцијата започна уште сабајле во 8 часот. Благодарност до Брегал до сите фирми кои помогнаа, целта е да врати изгледот на Градскиот стадион од времето кога се натпреварувавме во Прва лига. За ден два мислиме дека ќе биде исчистено. Кој сака може да повели да ни помогне да исчистиме, бидејки тоа е за нас, за нашиот град и дечињата кои тренираат со цел да имаме поубав репрезентативен спортски комплекс, рече Петровски.

Поддршка во реализацијата на кацијата како што додаде има и од Советот и градоначалникот на Општина Делчево. 

-Мислам дека треба помош од сите, бидејки после неколку години и особено после пандемијата Брегалница продолжува со натпревари во Трета лига, во недела играме со Победа Валандово. Се надевам акцијата ќе биде успешна и во недела ќе имаме едно поубаво издание на Градскиот стадион во Делчево, за што ги покануваме љубителите на фудбалот да дојдат и да видат што сме направиле, додаде Петровски.

Акцијата продолжува и утре до 18 часот, при што акцент на иницијативата ќе биде ставен на бојадисување на оградата и уредување на приодот и влезовите на Градскиот стадион во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*