Поддршката во образовниот процес тема на работната средба помеѓу претставници на УНИЦЕФ и градоначалникот на Берово

Денеска остварив средба со претставници на УНИЦЕФ, кои во соработка со Министерството на образование и наука и Светска Банка, работат на проект за надминување на кризата во наставата и учењето.

Разговаравме за остварување на соработка, во насока на унапредување на образовниот процес и поддршката која што УНИЦЕФ, може да ја даде на Општина Берово.

Општина Берово е една од 10-те пилот општини, на кои ќе и биде пружена поддршка за прилагодување на инфраструктурниот и образовниот капацитет на мрежата на основните улилишта.

Проектот опфаќа две компоненти:

1.Финансирање – блок дотација, и разгледување на Уредбата за распределба на блок дотацијата за основното образование и

  1. Оптимизација на училишната мрежа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*