
Средното општинско училиште успешно завршија уште еден проект со кој 16 ученици и 2 професори добија сертификати за европски професионални квалификации како дел од проектот ,,Чекор по чекор, до професионален развој” кој се реализира во рамки на програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како проект од клучна акција 1- КА122-ВЕТ- Краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на стручно образование и обука.
Главни цели на проектот како што напоменаа од делчевската гимназија оред заминувањето на учениците во Р Бугарија се зголемување на стручните знаења и вештини на учениците од текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка, поттикнување на нивната желба за учење и професионален развој во областа на производството, адаптација на наставната програма во текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка во поглед на новите тенденции во областа на технологиите, воспоставување на одржливи партнерства со докажани странски компании на меѓународниот пазар и реализирани придобивки за локалната заедница.
-Ние како образовна инсттитуција се стремиме да го подобриме образовниот процес, но сметаме дека неопходно е да се воведат дополнителни мотивирачки аспекти за професионален развој на професорите, а тоа ќе се случи доколку ние како институција овозможиме континуирана обука, вклучително и во странство, преку учество на училиштето во меѓународни проекти и преку создавање на партнерска мрежа со бизниси од цела Европа. Со проектот ќе ги мотивираме овие млади луѓе да продолжат професионало да се развиваат, да го развијат претприемачкиот дух, истакнаа од СОУ ,,М.М.Брицо”.
Во рамки на проектот организирани беа две мобилности. Секоја од двете мобилности беше во времетраење од 2 седмици во Република Бугарија во чии рамки беа вклучени 8 ученици кои ја изучуваат хемиско-технолошката струка и 1 придружен професор и 8 ученици и 1 придружен професор од текстилно-кожарската струка.
Учесниците за време на престојот во Бугарија беа дел од секојдневниот процес на работа, помагаа во полесни задачи и беа бучувани од супервизори кои се вработени во фирмите и имаат долгогодишно искуство во работата.

Директорката на гимназијата по пристигнувањето на учениците и професорите од Бугарија изрази задоволство од посветеноста на учениците за што во својата објава на фејсбук истакна:
-16 ученици и 2 професори од нашето училиште завршија уште еден проект и добија сертификати за европски професионални квалификации. По нивното враќање од Бугарија, на средбата со нив добив подарок. Велат подарувањето предизвикува неочекувана радост, а неочекуваното предизвикува возбуда и пријатни емоции. Навистина се израдував на подарокот и го примив со многу емоции. Ви благодарам ученици и драги професорки! Тоа е знак дека без разлика на позицијата, функцијата и годините, ние сме сепак, блиски, пријатели и се почитуваме. А тоа за мене е само уште еден мотив, како училиште сите заедно, ученици и наставници и јас како директор да бидеме уште подобри и поуспешни. Да ги искористиме сите можности, потенцијали и проекти да се надоградуваме, усовршуваме, образуваме и стекнуваме со нови знаења и искуства, истакна Цонева на фејсбук.

По завршувањето на двете мобилности, предвидени се активности со цел да се обезбеди одржливост на резултатите од проектот, како во рамките на нашето училиште, така и во локалната заедница. После реализираната пракса во странство, учениците кои биле директни учесници во проектот, ќе имаат поголема можност за вработување.

Тоа е и една од целите за која од СОУ ,,М.М.Брицо” напоменаа дека се стррмат како училиште- учениците кои ги изучуваат струките, директно и без дообука да бидат понудени на пазарот на трудот како готов производ. Ова според нив ќе овозможи помала стапка на невработеност кај младите и поголема продуктивност на локалните бизниси кои обезбедуваат работа на нашите ученици. Младите луѓе ќе си го подобрат квалитетот на живот и професионално ќе се развиваат во регионот.
Leave a Reply