Ахмедовски: Непочитувањето на штетните предлог одлуки од локалните власти, повторно предмет на мобинг врз советникот на ПДПР, Аки Акиов

Престедателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски денес на прес конференција упатија реакција за мобингот кој според него се прави врз советникот Аки Акиов, кој е сменет од позицијата раководител во кочанското комунално претпријатие, заради како што рече спротиставувањето на Акиов за штетните предлог одлуки на локалните власти.

-И покрај нашите повеќекратни предупредувања и партиски притисок дискриминанација и реваншизам денеска повторно сме принудени на јавноста да се обратиме за истата тема бидејки дека очигледно ваквите настапи не допираат до локалните власти и носителите на јавните функции, кои се платени од парите на граѓаните. Упорно се продолжува со креирањето на мобингот како начин на политичка сатисфакција заради спротистваувањето на донесување одлуки штетни по грбот на граѓаните. Имено веќе јавноста е запознаена дека наши членови а вработени во комуналното претпријатие Водовод Кочани, беа предмет на физичко насилство веднаш по преземањето на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ по одржаните локални избори минатата година и дека под особено силен притисок и тортура беше нашиот потпретседател на партијата и Советник во коалиција со СДСМ, Аки Акиов. На истиот поради почитувањето на ставовите на нашата партија и на коалицијата и поради непочитувањето на коалицијата на мнозинството за одлуки кои беа на птета на граѓаните му се одземени овластувањата од работната позиција раководител во Јавното претпријатие без никакво образлжение. Најверојатно под притисок на јавноста истите овластувања му се вратени, за да повторно по неговото инсиститрање за прашањето „Каде ќе се пренаменат средствата за изградба на типски куќи во населбата Стара Касарна во износ од 8 милиони денари„, а и поради тоа што остана целосно доследен на ставот да не се донсеуваат одлуки за зголемување на цената на геотермалната вода за 120 отсто, на 03.10.2022 година му се донесува одлука за повлекување на овластувањето од работното место раководител во секторот Водовод и канализација кои му беа дадени со овластување на сегашниот градоначалник кој што претходно бил и директор на Јавното претпријатие. И во конкретниот случај врз него е вршен притисок за поддржување на нивните одлуки, со директна закана за неговото работно место, бидејки дејствувал спротивно на личните и спротивни интереси на ВМРО ДПМНЕ, рече Ахмедовски.

Прес конференцијата и изјавата на Ахмедовски во целост може да ја погледнете на линкот во продолжение:

Во изјавата од Јавното комунално претпријатие за медиумите кои присуствуваа на денешната прес конференција на ПДПР истакнаа дека Аки Акиов не е деградиран туку не е раководител во претпријатието заради „неквалитетно извршување на работните обврски“. Директорот Паунов истакна дека е поставено ново лице на таа работна функција, со цел работните задачи да бидат завршени навремено и квалитетно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*