Делчевските првачиња се зачленија во Светската детска организација

Денес првачињата од двете основни училишта во градот ја положија свечената заклетва со читање на детските права и свечено беа примени во Детската организација.

ЈЛБ„Илинден“-Делчево на сите првачиња им даде мали подароци, школски прибор,посакувајки им во животот полека но сигурно да се стекнат со мудроста од која оваа општество ќе биде уште поубаво и подобро место за живеење.

Драги првачиња, бидете моќта на знаењето.Учете многу.Сакајте ги своите родители, семејството, почитувајте ги вашите најблиски, наставниците, само така, сите ние ќе бидеме горди на вас.Ние возрасните треба денес да го направиме светот поубаво место за живеење, оти утре овој свет останува на децата.
Дечиња среќно!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*