
Павле Богдановски од Делчево го освои првото место во јуниорска конкуренција на неодамна одржаното Државно првенство во боди-билдинг во дисциплината teens до 19 години. Исто така во доста силна конкуренција освои и бронзен медал во категоријата Classic Phisique.
Меѓу најзаслужните за овој голем успех за делчевскиот натпреварувач е неговиот брат Петар Богдановски кој овојпат ја имаше улогата на тренер, а на јавноста и е познат по настапите на Државните, Балкански и Европски натпреварувања претставувајки ја Македонија и притоа постигнувајки добри резултати.
-Павле со своите 18 години се држеше ,,рамо до рамо” со повозрасните од него. Ова е само тест и почеток, а во иднина го чека голема и успешна кариера. Мојот брат е потенцијал за големи успеси и можам да кажам дека сите тие трофеи од Европско и Светско првенство што не ги освоив јас како јуниор, тој ќе ги освои, истакна Петар Богдановски за успехот на неговиот брат.
Во продолжение неколку фотографии и видеа од прогласувањето на победниците на Државното првенство:
Видеа: https://youtube.com/shorts/PHxCSQE6E2w?feature=share
https://youtube.com/shorts/I75_uOXa2HY?feature=share



Leave a Reply