Во Делчево одбележана годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври

Во Делчево одбележана годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври. По тој повод се одржа свеченост организирана од Општина Делчево пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

-На свеченоста пред учесниците од НОВ чии имиња се запишани на спомен обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија делегација на Општината, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани, информираа од Општината.

Во рамките на одбележувањето на 81 година од Денот на Востанието на македонскиот народ, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието, како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ и сопствена држава.

На спомен обележјето во центарот на Делчево под паролата ,,Сонцељубиви  зар без вас ќе бевме она што сме, Не смрт без слобода, Не без Македонија” се испишани имињата на околу 50 учесници во НОВ од делчевскиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*