Фолклорна вечер со АКУД ,,Мирче Ацев” во Делчево

Во Делчево се одржа концерт на Академското културно уметничко друштво ,,Мирче Ацев” од Скопје. Настанот кој се одржа во Спомен дом АСНОМ го организираше Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево, чиј фолклорен состав исто така се претстави пред делчевската публика.

-Насмевките на лицата на публиката кажуваат дека имавме многу добри настапи со прекрасни кореографии на професионалците од АКУД ,,Мирче Ацев” како и нашите играорци, истакна Методи Толевски директорот на НУЦК  ,,Н.Ј.Вапцаров”.

Концертот како што додаде раководителот на АКУД ,,Мирче Ацев” Благоја Јовановски се реализира благодарение на одличната соработка со делчевската културна установа.

-Академското културно-уметничко друштво заедно со домаќините, како што сами видовте на едно општо задоволство заедно со публиката направивме една прекрасна изведба на двата ансамбли која ќе остане во сеќавање на градот Делчево, рече Јовановски.

Концертот се организираше со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Изјавите на Толевски и Јовановски, како и присутни гости од Рача, Р.Србија во продолжение:

https://fb.watch/gaSYYb-WQ7/

Вечерашниот концерт кој можевте да ги проследите во живо погледнете го на следниот линк:

https://fb.watch/gaS_OFrFt9/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*