Голачка ликовна колонија 2022

Во организација на Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево реализирана првата Голачка ликовна колонија. Во рамки на настанот како што истакна Александар Белогаски, стручен соработник за ликовна дејност, архитектура и дизајн при Центарот за култура се изложени дела во акрил на платно насликани на повеќе локации во Делчевско, со акцент на планината Голак.

-Колонијата беше успешно спроведена, се работеше на повеќе локации, најпрвин на планината Голак на врвот Чавка каде беа создадени композиции од Голачкиот пејзаж, потоа вториот ден се создадоа мотиви од пределите на манастирот „Св.Богородица Балаклија“ која исто така се наоѓа во пределите на планината Голак, додека третиот ден се работеше на цртање мотиви од комплексот Езеро Сандански. Се работеше во техника акрил на платно и можам да кажам дека сме презадоволни од резултатите, рече Белогаски.

Меѓу учесниците на Ликовната колонија учество зеде и академскиот уметник Валентина Илијевска од Куманово.

-По втор пат сум тука во Делчево благодарение на добрите домаќини и мојот колега Александар Белогаски кој ме покани да учествувам да оваа колонија. Со него се знаеме подолг временски период, уште од Средното уметничко училиште, а нашето дружење продолжи и на факултет, по што продолживме и професионално да се дружиме. Благодарност до домаќините што ни претставија дел од убавините на Голак, а се надевам дека остваривме убави дела, во кои публиката ќе ужива, рече Илијевска.

Учесниците во колонијата Наталија Марчевска која е археолог по професија и локалниот уметник Благој Милчевски се заблагодарија на поканата на организаторот и изразија надеж дека публиката која ќе ја погледне изложбатќе биде задоволна од уметничките дела.

Археологот Перо Синадиновски кој имал прилика да ја посети тридневната ликовна колонија додаде дека делата се уште поубави кога се изложени во самото фоајет

Сите дела од Ликовната колонија од утре во рамки на Ликовната изложба ќе бидат изложени во Фоајето на Спомен дом АСНОМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*