Голем број предлози од граѓаните на Берово на Втората форумска сесија

На втората форумска сесија, присутните граѓани, имаа директна можност, да ги дадат своите предлози, како приоритети, кои треба да влезат во програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година.

Низ пријатна атмосфера, во рамките на 6 работни групи, произлегоа голем број предлози, меѓу кои:

-зголемена спортска, културна и туристичка понуда, преку инфраструктурно уредување на сппртските објекти, конкретно реконструкција на градскиот стадион
-Автоматско наводнување на тревникот на стадионот
-Поставување на фотоволтаици на поголем број објекти
-Божиќен концерт и изложба на стара малешевска архитектура
-Пензионерски рекреативен центар
-Фотоволтаици и реконструкција на детска градинка
-инфраструктура во туристичка населба во Абланица
-обновување на стазите околу Беровско Езеро
-организација на повеќе културни настани
-спој на културата и архитектурата, зачувување на автентичноста на беровската стара архитектура и многу други.

Веќе на следната форумска сесија, граѓаните ќе имаат можност да гласаат и дирекно да учествуваат во креирањето на Програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година.

Партиципативното учество на граѓаните, е наш приоритет, во креирањето на локалните политики и е многу важно, се со цел да се направи Буџет по мерка на граѓаните, се вели во изјавата на градоначалникот Пекевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*