Делчевските првачиња во посета на локалната библиотека

Првооделенците од основните училишта овие денови со своите наставнички обработуваат сликовница, како дел од наставната програма.Со оглед на тоа што библиотеката има голем број на сликовници, денеска во посета на ЈЛБ„Илинден“, беа првачињата од ООУ„Ванчо Прке“, информираа од библиотеката.

-Во читалната заедно ја обработивме сликовницата „Трите Прасиња“, ја читавме сликовницата, потоа си пставувавме и одговаравме на прашања.Беше многу интересно, радознало и весело, истакна директорката Биљсна Петровска.

Учениците потоа изложуваа слики од трите прасиња кои ги испечати и одбра библиотеката, правејки на тој начин една голема сликовница .
Како подарок од библиотеката, сите ученици добија листови со слика од трите прасиња која слика, учениците треба да ја обојат на час во училиштето.

Навистина е убаво кога сите заедно и се дружиме и раскажуваме, боиме, учиме и се забавуваме.
Утре наши гости ќе бидат првачињата од ООУ„Св.Климент Охридски“. На ред е приказната за Грдото пајче, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Линк до објавата:

https://www.facebook.com/100053614699580/posts/pfbid024VBxJ9pHGLp56RUu5CxGC45daZj6mayUssyBMggxLoUutq8uJpLDxxvNTinjQ27ol/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*